Стоиљковиќ: Србија може на Македонија да и отстапи 90.000 кинески вакцини
Србија е подготвена на Македонија да ѝ отстапи 90.000 кинески вакцини и солидна количина на вакцини од рускиот производител Спутник, истакна вечерва пратеникот Иван Стоиљковиќ во гостувањето на Сител.
Рече дека останува на Владата на Македонија да одлучи дали ќе ги прифати овие вакцини.
-Проблемот на набавка на овие вакцини меѓу другото е што Србија како добавувач на вакцини нема право да тргува со нив. Мора да се обрати до производителот, да побара дозвола дека дел од вакцините кои таа ги купила ќе ги отстапи или ќе ги даде на некој од соседите или некоја друга држава. Така е и со Фајзер, така е и со руските, така е и со кинеските вакцини, рече Стоиљковиќ.
Посочи дека Србија ќе добие дозвола од Фајзер да ѝ даде вакцини на Македонија.
Појасни и дека ако Србија веднаш сака да ѝ даде 90.000 кинески вакцини на Македонија, прво ќе мора да добие дозвола од кинескиот производител.
-Србија ги добива вакцините од кинеските производители по цени кои се далеку поповолни од цените кои важат на меѓународниот пазар на вакцини. Од тој аспект производителот ќе треба да даде согласност за да може Србија тој дел од вакцините да го испорача на Македонија, рече Стоиљковиќ, додавајќи дека тоа не е сериозен проблем, туку лесно може да се реши.
Побара државниот врв на Македонија што е можно побрзо да се вклучи во набавката на вакцини.
Ново на Сител
-
Бензините поскапи за половина денар
-
ОЈО активно постапува за утврдување кривична одговорност за групите „Јавна соба“
-
ОЈО поднесе обвинение против шест лица за употреба на фалсификувани потврди за негативен ПЦР тест
-
Во болница донесен повреден 74 годишник, ја посочил снаата како сторител
-
МВР со детали за починатиот велосипедист во сообраќајната несреќа кај Охрид
-
Од утре влажен бран, пообилни врнежи на запад, а на повисоките места снег
-
Доколку помине на Влада, полицискиот час ќе стапи на сила уште утре а ќе трае најмалку еден месец
-
Нептун Македонија: Спој на општествена одговорност и почит кон своите вработени по повод 8 март