Стоилковски: Јовески со месеци не одговара и не постапува по кривичните пријави од ВМРО-ДПМНЕ
Кого крие и што крие Републичкиот Јавен обвинител, Љубомир Јовески повеќе од пет месеци? Зошто не се постапува во врска со изборниот грабеж? ВМРО-ДПМНЕ има поднесено повеќе кривични пријави во кои само со една се опфатени над 200 лица за изборен криминал, за невозможно брзо гласање? Да потсетиме на рефрендумското изјаснување се гласаше за 2, 4, 5, 7, 9 секунди, што е невозможно, но можеби за Јовески е небитно?
Не се постапува ниту по пријавата за изборен поткуп, во која како доказ е поднесено видео на кое што Зоран Заев поттикнуваше и јавно повикуваше на поткуп во изборни цели? Јовески не постапува, иако минаа пет месеци од референдумот, иако сите поднесени кривични пријави се поткрепени со докази.
Државата повторно се подготвува за избори, а Љубомир Јовески е јавен обвинител кој со месеци не одговара и не постапува по кривичните пријави поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, кривични пријави токму поврзани и се однесуваат на изборниот процес.
Дали причина за молкот е содржината на нелегално снимените разговори помеѓу обвинителите кои што се под негова команда? Зошто и за оваа истрага се тапка во место и никој не знае кои обвинители се снимени и што содржат нивните разговори?
Почитувани,
Пет месеци поминаа по завршувањето на референдумот на 30-ти септември, повеќе од пет месеци минаа од поднесените Кривични пријави од ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе од пет месеци нема никакво известување од ОЈО, ниту од Јавниот Обвинител, Љубомир Јовески за кривичните пријави! Државата се подготвува за нови избори, а Републичкиот Јавен Обвинител сето тоа го гледа и не реагира.
Според Законот, Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган кој што ги гони сторителите на кривични дела и на други со закон утврдени казниви дела врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот. Ама Републичкиот Јавен обвинител, Јовески никаде го нема!
Јовески го нема, како што го нема ниту за многубројните афери како што се крвавите тендери на Филипче, за плацевите на кланот Заеви, за криминалните набавки во четири очи, за Фондот за иновации, буквално за сите криминали кои потоа завршуваат и со мафијашки пресметки со смртни последици? Јовески го нема ниту за кривичната пријава за објавувањето на законот за јазици.
Почитувани,
Јовески е Републички Јавен обвинител кој што мора да си замине! Свесно и намерно, Љубомир Јовески со непостапување, прави тешки злоупотреби на службената положба и овластување. Републичкиот Јавен обвинител е ОБВРЗАН САМ да почне да дејствува, дотолку повеќе што се работи за криминогени дејствија за НАСТАНИ ОД ВОНРЕДНО ЈАВНО ЗНАЧЕЊЕ. Јовески е ДОЛЖЕН да преземе предистражни дејствија за утврдување на околностите за сознанија за кривични дела и тоа е опис и попис на неговата функција. Со негово нестручно и несовесно работење прави свесна злоупотреба на службената должност. Јовески не презема дејства за кои што е задолжен и за што дал заклетва.
Почитувани, помина времето кога Јавниот обвинител можеше да излезе од шинелот на Зоран Заев и да почне да постапува согласно заклетвата. Сега е време да си замине и согласно договореното, да се избере јавен обвинител на предлог на опозицијата.
Ново на Сител
-
„Ел Гол Дигитал“: Голем број ѕвезди на Реал се изјаснија за оставка на Анчелоти
-
Голема акција: Запленети 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази, пиштол, куршуми
-
Палестинскиот претседател подготвен на соработка со Трамп за завршување на војната во Газа
-
МВР: Лишен од слобода криумчар на мигранти
-
Сеизмолошка опсерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер
-
Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен
-
Пелоси го обвинува Бајден за поразот на Харис и демократите
-
Млад манијак осомничен за полов напад на две девојки во Битола