Македонија
25. May 2024 - 12:48

Стоилковски: На ТОАРИЛУЦ нема лифтови, се оперира на сопствен ризик

ДУИ и СДС системски го уништуваат здравството до последен ден! Незапаметен хаос владее на клиниката за хирургија, односно Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ.

Ќе набројам три акутни состојби:

1. Цела недела 4 лифта не работат, ниту двата мали кај влезот, ниту двата кај трауматологија, па пациенти со скршеници, но и оние што одат на контрола или во посета, или треба да одат по скали или да се туркаат со оние лифтови кон операционите сали!

2. Цела недела, од минатата сабота трае проблемот со системот односно цевководот за кислород до операциски сали, цела недела нема испитување што е, што мириса, дали е загадено, дали навистина има јаглерод диоксид. Во меѓувреме, со потпис со лична согласност, луѓе се оперираат на сопствен ризик!? Докази за тоа има во самата Клиника, неколку операции се извршени, дури и една врз дете. А, ако е се во ред, зошто тогаш нема план за операции за од понеделник?

3. Делот КАРИЛ од 15-ти март има тендер од 2 милиони евра за санација, ова е првата страница од тендерот, потпишан на 15-ти март. А, се уште еве веќе трет месец не се создадени услови за да се почне со санацијата, се работи за привремена соба која што треба времено да се сместат пациентите! Фирмата моли, со писма, ова е едно од тие писма испратено до министерството за здравство, да им се овозможи услови да почнат да работат!

Почитувани,

Писмото е од  14-ти мај, се уште нема ништо! Санацијата инаку би траела 3 месеци, а веќе трет месец не може да се почне да се работи на самата Клиника.

Почитувани,

Ова ги надминува сите граници, тоне хирургија, пациенти се оперираат на сопствен ризик, фирмата моли за услови за да сработи добиен тендер, а СДС /ДУИ водат инает со здравјето на луѓето.

Почитувани,

Тоа што СДС и ДУИ  одат во опозиција, не значи дека народот треба да умира по болнички ходници!

За ова секако ќе има одговорност, но прашањето е на човечност и етика, и како ќе заминат од здравството.

Прес-конференција на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ