Стоилковски: Oчигледно на Оливер Спасовски му е мака да одговори на едноставни прашања од опозицијата
Oчигледно на Оливер Спасовски му е мака да одговори на едноставни прашања од опозицијата, па дополнително ќе му ги олеснам.
Директно барам одговор од МВР,
1. Дали лицето Шукри Асани од Ласкарци со определен ЕМБГ поседува одобрение за оружје, издадено од првостепена комисија на МВР предводена од Музафер Каришиќ?
2. Дали на име Шукри Асани со истиот ЕМБГ од првото прашање во МВР е регистриран пиштол марка Глок, калибар 9 милиметри?
3. Дали за Шукри Асани со истиот ЕМБГ од првото прашање има полициско досие, или е замешан во најмалку еден случај „предизвикување на општа опасност" кога било употребено и огнено оружје?
И четврто дали лицето Шукри Асани, со ист ЕМБГ од првото прашање, е дел од списокот лица за проверки од планот Безбеден град?
Апелирам до медиумите во интерес на јавноста, истиве прашања, доколку МВР не одговори конкретно, редовно да ги поставуваат до МВР, Спасовски, Тасевски, било кој од МВР што ќе излезе во јавност.
Ова е важно, бидејќи конкретните точни одговори, ќе значат дека МВР издава одобренија на регистрирани криминалци од листата Безбеден град, дека комисијата составена од Оливер Спасовски водена од Музафер Каришиќ дава одобренија на луѓе за коишто има законски пречки за тоа, и најважно, дека Оливер Спасовски крие, стои зад вооружувањето, и ја мами јавноста за тоа!
Оливер Спасовски со само овие 4 куси точни одговори ќе мора да замине од министерството и да ги даде сите други одговори по коишто ќе следи одговорност!
Ново на Сител
-

СП 2026: Франција убедлива против Ирак
-

Нестабилно попладне со дожд, грмежи, силен ветер и можен град
-

Л’Екип му се извини на Доку поради коментарот на својата водителка
-

СП 2026: Халанд двоен стрелец во триумфот на Норвешка над Сенегал
-

СП 2026: Алжир поуспешен од Јордан
-

Чешка ќе ги забрани мобилните телефони во училиштата
-

Трамп: САД трошат огромни пари за одбрана на Европа од Русија, а тие не сакаа да ни помогнат во војната со Иран
-

Скопје домаќин на меѓународна конференција „Дијалог за единство и мир 2026“
