Стоилковски: Онкологија три години во долгови од 20 милиони евра
Почитувани,
Зад мене е Универзитетската Клиника за радиотерапија и онкологија, за жал позната по тоа што се крадени скапи лекови од пациенти и по тоа што е една од петте најзадолжени институции во Македонија.
Почитувани,
Додека владата дава за 3 години 40 милиони евра за дозволи за компјутерски програми за администрација, во истите три години долгот на Онкологија нараснува на 20 милиони евра, а внатре се случува грозоморен криминал.
СДС се уште не одговара зошто се дадени 40 милиони евра, 15 па 25 милиони евра во три години за лиценци за софтвери?
Зошто услуга која што била платена 15 милиони евра сега се плаќа 25 милиони евра?
Дали фирмата избрана од Драги Рашковски како претходен генерален секретар е единствениот избор за овие лиценци?
Зошто се даваат 10 милиони евра повеќе, дали администрацијата повеќе работи или причината е зголемениот број на административци?
Почитувани,
Со 40 милиони евра во овие три години два пати ќе се вратеше долгот на Онкологија. Само со 25-те милиони евра договорени на 1-ви септември за лиценци, ќе се платеше долгот на Онкологија и ќе останеа пари.
Но тоа би се случило доколку СДС се грижеа за пациентите и за народот наместо за лиценци и фирми по избор на Драги Рашковски!
Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО - ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Во Тирана одржан најмасовниот протест досега против „Зврнец"
-

Алиу: Изминатата година поставена насока - здравствен систем што планира, мери, дигитализира и одговара
-

Почнува Светското фудбалско првенство 2026
-

Највисокиот суд на ЕУ ќе даде мислење за жалбата за транспарентност за вакцините против Ковид-19
-

Американската војска: Завршени последните напади врз цели во Иран
-

Николоски: Железницата Бељаковце - Крива Паланка е инженерско чудо | ВИДЕО
-

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион
-

Пожарот во Штип изгаснат
