Ракомет
16. November 2017 - 13:19

Стоилов: Рајн Некар е ТОП екипа

Капитенот на македонскиот ракометен првак Вардар на денешната прес-конференција во пресрет на саботниот дуел со Рајн Некар упати пофални зборови кон германскиот тим.
 
- Играме со Рајн Некар, екипа која претходната сезона ни приреди непријатен пораз тука, дома, откако ние ги победивме на нивни терен. Екипа која игра во топ форма, имаат топ играчи и како што кажа Раул форсираат тактика „7 на 6“. Ние сакаме да победиме на секој натпревар, посебно дома. Се надевам на полна сала и поддршка од нашите навивачи, рече Стоилов.
 
Натпреварот меѓу Вардар и Рајн Некар е закажан за в сабота (18 ноември) во 17:30 часот, во СЦ „Јане Сандански".
 
ЕХФ овој дуел го прогласи за меч на неделата