Стојаноски: Потрошувачката кошничка укажува дека власта не може да ја заузда инфлацијата
Ние побаравме систем кој ќе функционира на подолги патеки, затоа што и денешното замрзнување на цените е со времен карактер до 31 мај, а потоа по она што се бројките секогаш кога имало ограничувања, откако ќе заврши таа мерка, цената се качувала неколкукратно, изјави патеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски за „Тема на денот“ во дневникот на Сител.
Тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ има предложено неколку антикризни мерки кои ги укажува и смете дека треба да се направи партнерство помеѓу оние кои се купувачи, односно граѓаните , помеѓу оние кои произведуваат и тие кои продаваат за да се направи нивелација на цените која ќе го издржи тестот на времето.
- Конкретно предлагавме замрзнување на цените но за да нема празни рафтови да се ослободат стоковите резерви, да се реагира со акцизата да се намалат горивата, да се анулира транспортниот ефект, односно при транспортот да не се качува цената. Потоа активирање на уште дополнителни капацитети за производство на електрична енергија со цел да се нуди евтина, а вишоците да се продаваат кон домашен пазар, како и намалување на царинските тарифи и намалување на данокот на додадена вредност, рече Стојаноски.
Стојаноски истакна дека потребно е системско решение затоа што сега потрошувачката кошничка покажува дека не може да се заузда инфлацијата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе
-
„Да ги пуштиме нозете колку ни е долга чергата“ рече Мицкоски за барањето 450 евра минималец
-
Кога пензионираните пилоти за ер тракторите ќе се вратат на работа?
-
Традицијата продолжува - Златните денови Кратово 2024