Стојанов: Делумната мобилизација во Русија е ризик за националната безбедност на Бугарија
![]()
Министерот за одбрана во преодната влада на Бугарија, Димитар Стојанов вели дека постои ризик за националната безбедност на неговата земја, но нема директна закана, јави дописникот на МИА од Софија.
Според него, мобилизацијата во Русија води кон интензивирање на конфликтот и тешко може да се предвиди неговиот крај.
„Постои ризик за националната безбедност на Бугарија, но нема директна закана. Бугарија е членка на НАТО. Тоа ја гарантира националната безбедност на Бугарија“, рече Стојанов.
Според него, „секој жежок конфликт, како оној во Украина, е ризик за националната безбедност, поради бегалскиот бран и употребата на економски средства“, што, како што рече, „доведува до влијание врз националната безбедност на Бугарија“.
За време на редовната седница на бугарската влада беа усвоени три документи поврзани со бесплатното доставување хуманитарна помош за Украина од Софија. На Украина ќе и бидат доделени 350 медицински комплети кои ќе обезбедат медицинска нега на 35 илјади граѓани, појасни Стојанов.
Владата на Бугарија прифати документ за купување втора серија од осум авиони Ф-16, Блок 70.
Според министерот за одбрана на Бугарија, земјата има стара советска опрема која технички не може да се одржува поради војната во Украина. Се очекува авионите да пристигнат во 2027 година.
На владината седница беа донесени одлуки за модернизациски акции на бугарската армија за 1,290 милијарди американски долари, што вклучува и купување на втората серија американски ловци Ф-16 Блок 70.
Ново на Сител
-

Џон Кери: Нетанјаху предлагал напад врз Иран на претходни американски претседатели, сите одбиле
-

Папата Лав XIV им честиташе Велигден на верниците кои денеска го слават
-

Кремљ одбива да го продолжи велигденското примирје
-

Техеран: Ормуската Теснина е целосно под контрола на Иран
-

Во вторник во Вашингтон почнуваат преговорите меѓу Израел и Либан
-

Од вторник до четврток променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Приведен 22-годишник откако физички, со дрвен предмет ја нападнал невенчаната сопруга
-

Ѓорѓиевски: Воскресението е темелот врз кој се гради нашата вера, нашата иднина, моменти кога треба да се обединиме како народ
