Стојко Пауновски за поразот на СДСМ: Што си посеаја, тоа си ожнеаја

Стојко Пауновски, поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат, во изјава за „Фокус“ го искоментира поразот на СДСМ на изборите со народната поговорка „што си посеал, тоа ќе си жнееш“.
Пауновски беше разрешен од функцијата затоа што се спротивстави и одби да прими 35 „рамковни“ административци во Пазарниот инспекторат поради несоодветно образование. Откако Пауновски одби да ги прими „рамковните“, премиерот Зоран Заев му порача дека „пркос“ не е дозволен, дека мора да се почитува хиерархијата, по што Пауновски беше разрешен на владина седница.
Пауновски, за разлика до старо-новиот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, не беше исклучен од СДСМ, но по неговото разрешување, тој коментираше дека СДСМ станала приватна партија, а тој бил нејзин член од нејзиното основање од 1991 година.
Димитриевски, пак, беше исклучен од партијата откако објави дека се кандидира за нов градоначалнички мандат во Куманово како независен кандидат. Пауновски вели дека му честитал на Димитриевски.
– На Максим му честитав и за старо-новата градоначалничка функција, а посебно за сѐ она што го издржа за овие избори, вели Пауновски за „Фокус“.
Ново на Сител
-

Руте: Словенија, Албанија и Чешка не ја исполнија целта на НАТО за одбранбени трошоци
-

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
