-->
-->
Стојкова-Серафимовска: Нематеријалното културно наследство во Македонија се соочува со ризици
-->
Нематеријалното културно наследство во Македонија се соочува со вистински ризици од масовно и брзо исчезнување поради недостатокот на јавна свесност за овој вид наследство во споредба со материјалното, предупредува доц. д-р Велика Стојкова-Серафимовска, претседател на ИСТМ Национален комитет на Македонија и дел од тимот кој ги изработи трите успешни апликации за УНЕСКО и двете кои се во постапка за заштита.
Во таа смисла, д-р Стојкова –Серафимовска за МИА ги потенцираше и заклучоците од првиот семинар на УНЕСКО кој недомана се одржа во Скопје, а се однесуваше на имплементација на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство на човештвото (Париз, 2003) на национално ниво, и рече дека во Република Македонија постои легислатива, односно законски рамки и институционални структури, кои се задолжени за имплементација на Конвенцијата на УНЕСКО (Париз, 2003), но постојат извесни проблеми при реализација на тие регулативи.
- Ресорното Министерство за култура и институциите кои се дел од целосната регулатива, покажуваат инцијативи за потемелна имплементација на Конвенцијата, што значи и грижа и заштита за нематеријалното културно наследство на Република Македонија, но станува збор за комплексен, долготраен и мултидисциплинарен процес кој бара развиена мрежа помеѓу институциите од една страна, и носителите, односно заедниците и локалната самоуправа, од друга страна, рече Стојкова-Серафимовска.
Таа додаде и дека нема јавна свесност и за значењето на овој вид наследство во промотивни цели.
- Непостоењето на системско истражување заради нефункционирање на секторот за наука при Министерството за образование и наука кое треба да обезбеди финансирање проекти за истражување на овој вид културно наследство во научни цели, документирање и презентирање, како и непостоење на овој сегмент од културата во основното и средно образование, ги оневозможува лиценцираните институции да вршат истражувања и заштита. Веќе постоечките архиви се во сериозно загрозена состојба, а тие секако, се базата врз која се вршат истражувањата на современата состојба. Од друга страна, постои и недоволна јавна свесност за значењето на овој вид наследство во промотивни цели во областа на културниот туризам и локален економски развој, потецираше Стојкова-Серафимовска.
Инаку, започнувајќи од 2013 година, Република Македонија успешно реализираше впишување на три нематеријални културни добра во листите на УНЕСКО. Обичајот „Четрсе“ од Штип прв влезе на оваа листа, потоа орото „Копачката“ од Драмче, а неодмана на репрезентативната листа на УНЕСКО се впиша и „Гласоечкото пеење од Долни Полог“. Во процес се и две мултинационални апликации за можно впишување на „Практиките поврзани со прсолавувањето на 1 март“ и „Пролетните веселби: Хидрелез/Ерделези“ поднесени во 2016 година.
Орото „Копачка“ од делчевско Драмче се впиша во репрезнетативната листа на УНЕСКО во 2014 година. Секретарот на ФГ Копачка, Перса Стојановска, истакна дека оттогаш до денес работат на полето за одржливост на орото.
- Во овој период ние работиме и сме исправени пред предизвикот за одржливост на орото и во таа наока со поддршка од Министерството за култура се насочени сите проекти на Копачката. Компаративно гледано, како и од сознанијата од семинарот, ние од ЗФГ Копачка од село Драмче, Делчево, во својство на носители на заштитеното нематеријално културно наследство орото Копачка, сме на вистинскиот пат на одржливост. Ја имаме поддршката од локалната заедница, но и од државните институции и функционираме во една кохезија- триаголник, нешто што е неопходно според Конвенцијата за нематеријално културно наследство на УНЕСКО. Нешто што ги крепи сите наши напори на тој пат е фактот дека орото е живо, а тоа е еден од најзначајните предуслови за опстојување на престижната листа на УНЕСКО, рече Стојановска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп