Стојковиќ ќе ја предводи Србија на ЕУРО 2024
Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ, потврди денеска во интервју за белградските медиуми дека останува на должноста и ќе го предводи националниот тим на Европското првенство идната година во Германија.
Изминатиот период се засилија шпекулациите за можно напуштање на селекторската клупа на Стојковиќ, чиј договор со Фудбалската федерација на Србија истекува на крајот на оваа година.
- Морам да бидам многу внимателен околу изјавите дали останувам, дали си одам, дали ќе бидам тука или нема да бидам тука., бидејќи повторно некои луѓе си даваат себе си за право да го знаат одговорот подобро од мене, истакна Стојковиќ.
Под негово водство Србија избори пласман на континенталниот собир првпат по пауза од 24 години и на 2 декември ќе ги дознае противниците во групната фаза на ЕУРО 2024.
- Ајде да го повторам одговорот на прашањето, дали сега заминувам или останувам. Како сега да заминам кога ја одведов репрезентацијата на Европското првенство? Тоа би било многу нечесно и непрофесионално. Точно е дека договорот ми истекува на 31 декември оваа година, но истиот по автоматизам се продолжува со пласманот на ЕУРО, наведе Стојковиќ во интервју за „Моцарт.ком“.
Ново на Сител
-

Почнува реконструкција на објектот на Подрачната служба на ФЗО во Гевгелија
-

Американската војска соопшти дека погодила повеќе од 5.000 ирански цели од почетокот на конфликтот
-

ДКСК ќе ја одржи 29. седница
-

Цената на суровата нафта во САД се спушти до 81 долар за WTI и 84 долари по барел за Brent
-

Трамп: Војната со Иран е „речиси целосно завршена“
-

Сончево со мала до умерена локална облачност
-

САД повторно ги ставија на чекање мировните преговори меѓу Украина и Русија поради војната во Иран
-

Хегсет: Трамп ќе ги диктира условите за предавање на Иран
