Столе Попов добитник на наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот

На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот.
Како што соопштија од Друштвото на филмски работници на Македонија, наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на Жика Павловиќ.
-Навистина е голема чест да се добие награда која го носи името на Живојин Павловиќ. Голем уметник, голем човек, фантастичен пријател и човек кој имаше големо разбирање за младите луѓе и кој беше една од најзначајните и најавтентичните личности не само на југословенскиот и балканскиот, туку и на европскиот филм. Неговите ставови и поимањето на естетиката на филмот беа блиски на моето убедување и токму тоа толку многу не зближи. Ова е навистина големо признание кое мене ми е подраго од сите награди што сум ги добил досега, рече Попов во своето емотивно обраќање.
Предраг Мики Манојловиќ врачувајќи ја наградата посочи дека имал среќа да соработува и со Павловиќ и со Попов, се запознал со нивните семејства и смета дека врската меѓу нив двајца е природна, а филмскиот ракопис и израз им е сличен.
Во рамките на манифестацијата „Годишни награди за режисерите“ се одржа конференција на Организацијата за заштита на авторските права и серии панели на Асоцијацијата на режисери од Балканот, на кои со останатите колеги од Балканот учествуваше Игор Иванов Изи, претседател на Друштвото на филмски работници на Македонија.
Мисијата на оваа манифестација е на професијата режисер да и го врати интегритетот и независноста на авторските идеи и да се избори за професионални услови за работа и промоција на нивните дела.
Ново на Сител
-

Еден пратеник едно државјанство - почна постапката за носење на законот за пратеници
-

Собранието го отвори патот за укинување на техничката влада
-

Билатерална средба на Мицкоски со австрискиот канцелар Штокер
-

Новиот граничен систем да не важи за Македонците кои летово ќе одат во Грција, бара туристичката комора
-

ДКСК јавно ќе ги објави функционерите кои и покрај изречени казни не поднеле анкетен лист
-

МОН не е надлежно за случајот на Филозофскиот факултет - дали ќе има истрага?
-

Филипче: Градоначалникот на Крива Паланка мора да го слуша гласот на граѓаните
-

Квалитетна јавна служба, предуслов за членство во ЕУ
