Столтенберг ги повика лидерите од Западен Балкан да се посветат на реформите
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во денешното интервју за црногорскиот весник Побједа ги повика лидерите на Западен Балкан да покажат посветеност на реформите и на помирувањето.
Тој посочи дека има „редовен дијалог” со српскиот претседател Александар Вучиќ и оти НАТО „во целост ја почитува” политиката на неутралност на Белград, а Алијансата е посветена на изградба на „силно партнерство” со Србија.
Генералниот секретар на Северноатлантската алијанса оцени и дека „секој обид за ослабнување на институциите на државно ниво ќе ја наруши безбедноста на БиХ”.
– Тоа ќе има и негативни последици за нејзината економија и регионалната стабилност. Затоа, ние сме целосно посветени да продолжиме да ги поддржуваме сите напори за унапредување на реформите и обезбедување ефикасно функционирање на државните институции. Ги повикуваме политичките лидери да работат конструктивно и да покажат политичка волја за доброто на сите во БиХ за унапредувањето на евроатлантските аспирации, наведе Столтенберг.
Тој истакна и дека безбедносните предизвици од пред пандемијата сè уште се присутни и оти тие вклучуваат „асертивна Русија, тероризам, кибер и ракетни закани, климатски промени и безбедносни импликации кои произлегуваат од растот на Кина”.
Тој ја повика Русија да „игра конструктивна” улога на Западен Балкан.
– За жал, редовно гледаме дека Русија го прави спротивното. Само минатиот месец, Русија и Кина работеа заедно во ОН за да ги поткопаат напорите на меѓународната заедница за обновување на мисијата на ЕУ Алтеа во Босна. Ова е само еден пример за руското и кинеското влијание на Западен Балкан, што не е од помош. Видовме и хакирање, дезинформации, заплашување и други дестабилизирачки активности, истакна Столтенберг.
Ново на Сител
-

Обвинителството бара притвор за Ива Михаилова
-

Бензините и дизелот остануваат со исти цени, поскапува само мазутот
-

ДЗС: Чекор напред - со меѓународната соработка кон посилни институции и побезбедна иднина и при заштита и спасување при катастрофи
-

До петок постудено со повремен дожд, а на планините снег
-

Револуционерно откритие од Јапонија: Создадена пластика која се раствора во морска вода за само неколку часа
-

Груби денеска излегува од куќен притвор
-

„Мета“ со нови ВИ-модели како соперници на „Опен-АИ“ и „Антропик“
-

Верстапен се искачи на второто место во историјата на Формула 1 по најмногу победи со еден тим
