Столтенберг го пречека Иванов во целосен мрак

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг попладнево во седиштето на Алијасната во Брисел во целосен мрак го пречека претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.
На денот кога во НАТО се возбудени духовите поради соборувањето на рускиот авион на небото меѓу Сирија и земјата членка на НАТО Турција, повеќе од три часа седиштето на Алијансата е без електрично напојување, јави дописникот на МИА од Брисел.
Токму во таква атмосфера започна и состанокот Столтенберг - Иванов кој се очекува да заврши околу 16: 45 часот, со оглед на тоа што од 17 часот започнува вонредниот Северноатлантски совет кој го свика Турција во однос на денешните настани со соборувањето на рускиот авион.
Дводневната работна посета на претседателот Иванов на Брисел, според дописникот на МИА, се чини не можеше да дојде во полошо време со оглед на тоа што во европската и белгиска престолнина владее целосна воено полициска окупација поради четвртиот степен на закана по безбедноста, а во однос на можни терористички напади во Брисел.
Ново на Сител
-

Руската ПВО соборила 272 украински дрона, три жртви во украински напад врз Симферопол на Крим
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Руте: Продолжува испораката на ракети пресретнувачи PAC-3 за Украина
-

АХВ одбележува 15 години постоење
-

Комисиска расправа за предлог законите за високи раководители и за соодветна и правична застапеност
-

Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за прекин на воените дејствија против Иран
-

Трамп најави учество на Самитот на Г-7 во Франција
-

Променливо облачно со повремен дожд и грмежи
