Столтенберг: Кукавички напад врз нашите вредности и отворени врати
Јас сум длабоко потресен од нападите што утринава се случија овде во Брисел. Тешките човечки жртви се трагични, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Како јави дописникот на МИА од Брисел, седиштето на Алијанса во белгискиот главен град е на еден километар оддалечено од Националниот аеродром „Завентем“ каде се случи двоен бобмбачки напади изведен од страна на бомбаш-самоубиец, во која засега загинаа 11 лица, а 35 се повредени.
- Ова е кукавички напад. Напад на нашите вредности и на нашите отворени општества. Тероризмот нема да ја победи демократијата и нема да ни ја одземе слободата. Ние одлучивме да го зголемиме нивото на алармирање во седиштето на НАТО и натаму сме внимателни и ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата, исткана Столтенберг.
Генералниот секретар на НАТО истакна дека неговите мисли се со оние кои ги загубија своите најблиски, со сите оние кои се засегнати и со луѓето од Белгија и порача дека „НАТО стои заедно со нашиот сојузник Белгија на овој мрачен ден“.
Ново на Сител
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра
-
Државата им плаќа да студираат на престижни универзитети, ама не го користи нивниот потенцијал
-
ЕУ очекува уставни измени и почитување на Преспанскиот договор од новата Влада
-
Ибраимовски демантира дека им се заканувал по живот на уставните судии
-
Камбовски: Распуштање на Судски не е опција