Столтенберг: НАТО формира четири батаљони во Источна Европа за да превенира, а не да провоцира конфликт
Генералниот секретар на Северно-атлантската алијанса, Јенс Столтенберг, денеска на прес-конференција во седиштето на НАТО во Брисел објави дека на состанокот на министри за одбрана на змејите-членки на оваа организација ќе се договори создавање на четири воени батаљони во Истона Европа со цел, како што рече „да се превенира, а не да се провоцира конфликт“.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, точно 100 дена по Самитот на НАТО во Варшава, најголемата воено-политичка организација на светот договара „зголемување на одвраќање и сопствена одбрана“, како и да проектира стабилност во своето соседство.
Според генералнито секретар на Алијансата, овие два дена, министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО ќе се договара прогресот и мапата за следните чекори.
- На почетокто на 2017 година, НАТО ќе има четири мултинационални батаљони во источниот дел на Алијансата. Се работи за кредибилно одвраќање. Не да се провоцира конфликт, туку да се превенира конфликт. НАТО ќе испорача илјадници од своите сили за поддршка на нашите соузници и јасна демонстрација на нашата трансатлантска врска, истакна Јенс Столтенберг.
Според генералниот секретар на НАТО, четирите батаљони во Источна Европа ќе ги предводат Канада, Германија, Велика Британија и Соединетите Американски Држави (САД) и тие утре ќе го претстават својот план, додека останатите сојузници ќе треба да го потврдат својот придонес.
Исто така, според Столтенберг, НАТО ќе го презентира и својот план за присуство во регионот на Црното Море, градењето на инфраструктур аза брзо движење на НАТО-силите во Европа и се поактивната улога во сајбер-одбраната.
- Нашата втора сесија на министерскиот состанок ќе биде посветен на Проект Стабилноста на нашето пошироко соседство, бидејќи кога нашите соседи се постабилни, ние сме побезбедни. Како дел од овие напори, НАТО ќе ја засили борбата притв ИСИЛ во намерата нашата Коалиција да го победи ИСИЛ еднаш засекогаш – порача на крајот Сотлтенберг.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер за транспорт и врски
-
Бројката на повредени во трагедијата во Кочани надмина 200 - Во Македонија на лекување се 54 пациенти и се стабилни
-
Од идната недела ќе почне враќањето на дел од повредените на лекување во странство
-
Затворени 2 угостителски објекти, пуштале музика во денови на жалост, контролите продолжуваат
-
Засилени контроли во општините по трагедијата во Кочани
-
Собир на граѓани во Кочани
-
Големиот пожар што избувна доцна попладнето во близина на Струмица е изгаснат