Столтенберг: НАТО ги поздравува контактите на високо ниво на земјите членки со Русија
НАТО ги поздрави билатералните контакти на високо ниво меѓу државите од Алијансата и Русија, изјави генералниот секретар на Пактот, Јенс Столтенберг, цитиран од ТАСС.
- Ги поздравувам билатералните контакти на високо ниво меѓу земјите од НАТО и Русија. Видовме различни средби, вклучувајќи ги и на ниво на министри за надворешни работи. Некои од шефовите на дипломатиите имаа средби со претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави Столтенберг во интервју за ТАСС.
„Сум работел со Русија на различни активности. Русија има голема историја, голема култура, земјата помогна во ослободувањето на Норвешка во Втората светска војна. Црвената армија дошла и ја ослободила Норвешка, ние го паметиме тоа и го одбележуваме секоја година“, посочи генералниот секретар на Северноатлантскиот сојуз, кој по потекло е Норвежанец.
- Кога Русија ќе почне да ги чува границите (на Украина) и запре со поддршката и финансирањето на сепаратистите во источна Украина, тоа ќе биде најважниот чекор за подобрување на односите меѓу Русија и НАТО, изјави генералниот секретар на Алијансата.
Тој го подвлече особеното значење на почитување на Минските спогодби за надминување на конфликтот.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори