Столтенберг: НАТО очекува зголемување на трошоците за одбрана за околу осум отсто
Оваа година очекуваме НАТО сојузниците да ги зголемат трошоците за одбрана во просек за осум отсто: ова е најголем пораст на трошоците во последните децении, но тоа е неопходно, бидејќи кога ќе се зголемат тензиите, треба да се инвестира во безбедноста, изјави генералниот секретарот на Алијансата Јенс Столтенберг на сослушувањето пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.
Според него, рускиот претседател Владимир Путин направил најмалку две грешки со инвазијата на Украина – ги потценил Украинците и одговорот на Aлијансата.
Земјите од НАТО и ЕУ му даваат невидена помош на Киев со артилерија, ракети со долг дострел, противвоздушна одбрана, муниција и обука, истакна тој.
Исто така, Столтенберг изрази благодарност до Данска, Холандија и Норвешка за нивната подготвеност да и обезбедат на Украина ловци Ф-16, како и за земјите каде што ќе се обучуваат украинските пилоти.
– Украинците постепено ги враќаат заробените земји, тоа е тешка битка, тие ги пробија руските одбранбени линии и напредуваат, резимира Столтенберг.
Со војната во Украина, Путин очекуваше да го ограничи НАТО, но го постигна спротивното – пактот го прошири своето присуство на источното крило, ја прифати Финска и наскоро очекува да го поздрави приемот на Шведска.
Очекувам турскиот парламент да го ратификува членството на Шведска подоцна оваа есен, што е можно поскоро, додаде генералниот секретар.
Ново на Сител
-
Замрзнати вработувањата во администрација
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата
-
Училиштата во Општина Карпош и натаму без парно греење
-
Тестираните за „Птичји грип“ се негативни
-
Санкции за смртта на 14-месечното бебе
-
Почна вакцинацијата против сезонски грип – денеска термин добиле 5.700 граѓани
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата