Столтенберг: НАТО виде знаци дека Кина размислува да испрати оружје во Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата видела знаци дека Кина размислува за испорака на оружје за Русија и го предупреди Пекинг да не презема такви чекори.
Изјавата дојде неколку дена откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја предупреди Кина за последиците доколку обезбеди материјална поддршка за руската инвазија на Украина.
„Не видовме никаква испорака на смртоносна помош од Кина за Русија, но видовме знаци дека тие го разгледуваат тоа и можат да го направат. Ова е причината поради која САД и другите сојузници се многу јасни и предупредуваат против тоа. А Кина, се разбира, треба да не ја поддржува илегалната војна на Русија“, додаде Столтенберг во интервју за Ројтерс.
Нема коментар од Кина, но Министерството за надворешни работи во Пекинг претходно денеска соопшти дека сите потенцијални разузнавачки информации за испраќање оружје од Кина кон Русија, што САД планираат да ги објават се само шпекулации.
Ново на Сител
-
Премиерот Мицкоски и министерот за спорт Ристовски им посакаа среќа на македонските ракометари на СП
-
Намалена видливост поради магла на патот Гајре - Попова Шапка
-
Mојата душа е постара од мене | Ивона Јо | ПРОфесија | Sitel Podcast 077
-
27 годишна девојка паднала од зграда во Скопје и починала
-
Три жени се тепале во скопски Аеродром
-
Фризурата не им се допаѓала на класната и на директорката па ученик плачејќи сам си ја скратил, утврдена дискриминација во Миравци
-
Полицаец, дете и жена пренесени на клиника по пожар во куќа во Скопје
-
Бајден ќе го одликува Меси со претседателскиот Медал на слободата