Столтенберг: Нема директна воена закана од Русија кон земјите-членки на НАТО

НАТО не гледа непосредна воена закана од Русија кон ниту една членка на Алијансата, но ќе продолжи со операцијата за одвраќање преку претстојната воена вежба „Steadfest Defender“, најголемата во изминатите неколку децении, изјави денеска генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг.
Тој додаде дека НАТО го прави сето ова за да отстрани простор за погрешно проценување или недоразбирање во Москва за подготвеноста на НАТО да ја заштити секоја педа од својата територија.
- Сè додека го правиме ова, нема да има напади на територијата на НАТО, истакна Столтенберг.
Околу 90.000 војници ќе учествуваат на претстојната вежба „Steadfest Defender 2024“, која почнува во февруари и ќе трае до мај.
Столтенберг посочи и дека НАТО потпишал договор вреден 1,1 милијарда евра за набавка на артилериска муниција калибар 155 милиметри, со што дел од тие гранати ќе и бидат доставени на Украина, по изјавите од Киев дека недостигот на муниција ги попречува воените напори против Русија.
- Војната во Украина стана битка за муниција, наведе Столтенберг, додавајќи дека најголемиот дел од купената муниција ќе се користи за надополнување на резервите на поединечни членки на Алијансата.
Ново на Сител
-

Стружани денеска од цистерна полнат чиста вода, матноста на водата од градскиот водовод втор ден во граници на нормала
-

Поранешната директорка на Онкологија Клисаровска сведочеше за недостигот од конзилиум и колективни одлуки за терапии во „Онкологија 2“
-

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија
-

„Безбеден град“ - превентивен механизам за намалување на сообраќајните прекршоци, смета стручната јавност
-

Доминација на КБК Шампион Скопје - сила во сите генерации
-

Трамп: Предоцна е за преговори со Иран
-

Димитриеска-Кочоска: Се следи состојбата на Блискиот Исток, ако треба да преземеме нешто, ќе биде во рамки на законите
-

Рекордна масовност на 1. Национално кикбокс првенство 2026 во Скопје – 441 натпреварувач од 29 клубови
