Столтенберг побара воздржаност од Турција за операцијата во Сирија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја повика Анкара на воздржаност во однос на на операциите во североисточна Сирија, но исто така изјави дека е легитимна загриженоста на Турција за безбедноста во врска со курдските борци во Сирија.
На заедничката прес-конференција со турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во Истанбул, Столтенберг исто така изрази загриженост дека офанзивата може да го загрози напредокот постигнат во борбата против терористичката Исламска држава во Сирија. Генералниот секретар, исто така додаде дека НАТО мора да најде одржливо решение за затворениците од т.н. Исламска држава.
Чавушоглу рече дека Турција очекува солидарност од своите сојузници, нагласувајќи дека „не е доволно да се каже дека ја разбирате легитимната загриженост на Турција“.
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник