Столтенберг: Приемот на Црна Гора во НАТО не зависи од Русија

Црногрското придружување кон НАТО нема никаква врска со Русија, бидејќи Црна Гора како независна земја сама го одредува својот пат, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг за време на посетата на норвешкиот Парламент.
- Основно прво на секоја независна земја е да го одбере својот пат, вклучувајќи и кон какви безбедносни договори сака да се приклучи. Значи, ова е прашње меѓу Црна Гора и 28-те членки на НАТО, рече Столтенберг.
Според подгоричките медиуми, Столтенберг нагласил дека верува оти парламентите на сите 28 членки на НАТО ќе го ратификуваат договорот за прием на Црна Гора во Алијансата, што претставува еден од последните чекори пред формално приклучување на земјата во Пактот.
Досега Протоколот за членство на Црна Гото во НАТО го ратификуваа парламентите на Исланд, Словенија, Унгарија и Словачка, а в четврток, како што е најавено, тоа ќе го стори и Албанија.
Дипломатски извори во Подгорица соопштија дека амриканскиот Конгрес ќе го ратификува Протоколот за членство на Црна Гора пред претседателските избори во САД во ноември, иако според утврдената пракса Вашингтон последен го потвдува приемот на една земја во Алијансата, отакако тоа ќе го сторат сите остана членки на НАТО.
Ново на Сител
-

ССМ со првомајски протест за повисока минимална плата, СОНК останува на дијалог
-

Свежо утро со минусни температури, преку ден променливо облачно со сончеви периоди
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид, поставување камен темелник на катна гaража и увид на градежни работи „Кај Чинарот“
-

По повод 1 Мај дел од паркиралиштата во Скопје бесплатни за граѓаните
-

САД бараат директни преговори Израел–Либан во услови на кревко примирје
-

Штрајк и протести во Грција по повод Денот на трудот
-

Трамп најави можност за повлекување на американските трупи од Италија и Шпанија
-

За продолжениот викенд автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
