Столтенберг: Шведска и Финска веднаш треба да се интегрираат во НАТО
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска во Анкара упати апел „веднаш“ да се интегрираат Шведска и Финска во Северноатлантската алијансата.
- Сега е време да се ратификува истовремениот прием на Финска и Шведска како членки на НАТО, истакна Столтенберг на прес-конференција со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Додека Чавушоглу посочи дека Турција може одделно да ги разгледа финските и шведските кандидатури.
Шефот на турската дипломатија посочи дека за прашањето за кандидатурите на Шведска и Финска ќе разговара со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој идната недела ќе ја посети Турција.
Тој исто така наведе дека со Блинкен ќе разговара и за билатералните односи и руската инвазија врз Украина.
Столтенберг најави и дека НАТО ќе гради привремени засолништа и планира да испрати десетици илјади шатори во Турција во наредните денови и недели.
- Ова е најсмртоносната природна катастрофа на територија на НАТО од создавањето на Алијансата, посочи Столтенберг, додавајќи дека Алијансата ќе ги искористи своите стратешки способности за воздушен транспорт за транспорт на потребната помош.
Само во Турција, минатонеделните разорни земјотреси урнаа или сериозно оштетија повеќе од 50.000 згради во 10 окрузи во јужниот и југоисточниот дел на земјата. Според најновите податоци, во Турција загинале 36.187 лица.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган делумно се спротивставува на кандидатурата на Шведска, со образложение дека Стокхолм пружа засолниште на членови на Курдиската работничка партија (ПКК), која Турција, ЕУ и други држави ја сметаат за терористичка група.
Ердоган на почетокот на февруари истакна дека турскиот Парламент може да го ратификува влезот на Финска, но не и на Шведска.
Ново на Сител
-

Од вечер повторно врнежи, кои наместа ќе бидат пообилни
-

Мобилните царински тимови во 2025. со 271 случај на заплени
-

Од полноќ безнините поскапи за еден денар, цената на дизелот не се менува
-

Министерство за транспорт: Во дијалог со ЕК се операционализираат решенија за барањата на македонските превозници
-

Возеле иако имале забрана, едниот и под дејство на алкохол, приведени возачи во Тиквешко
-

27-годишен неготинец физички ја нападнал својата 19-годишна невенчана сопруга
-

Камион на магистрален пат усмртил 75-годишен дедо од струшко кој бил пријавен за исчезнат
-

Лани околу 12.000 Македонци работеле во Хрватска, најмногу во туризмот
