-->
-->
Столтенберг: Турската војска не е ослабена
-->

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека чистката на илјадниците припадници на турската војска по неуспешниот пуч не ја ослаби армијата на оваа земја, додавајќи дека е уверен дека Турција ќе остане силен сојузник на НАТО.
-Турција има големи и професионални вооружени сили... Уверен сум дека ќе продолжи да биде посветен и силен НАТО сојузник, рече тој за британските медиуми.
Од обидот за пуч, на 15 јули, уапсени се околу третина од приближно 360 турски генерали, потсетуваат светските агенции.
Досега околу 60.000 војници, полицајци, судии, службеници и наставници се суспендирани, уапсени или се под истрага.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Даниела Димовска ќе раководи со Кривичен суд Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Уставен одлучува за платеното рекламирање по иницијатицата на Левица
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ прво нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик
-

Сиљановска на Самитот на НАТО: Обединета Европа значи посилна Европа
-

Локалитетот „Баргала“ можеби „крие“ постара историја
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
