Столтенберг: Уверен сум дека ако на референдумот се гласа „за“, договорот ќе се имплементира
На сите мои политички средби во Скопје ми беше изјавено дека ако се гласа „за“ на референдумот, договорот ќе се имплементира, вели генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во интервју за грчката телевизија „Скај“ и додава дека сепак тоа е демократски процес и НАТО „не може да присили ниедна земја да направи нешто што не сака“.
На прашањето што доколку договорот помине кај нас, но не и во Грција, со оглед на позициите на коалициониот партнер во Владата и на лидерот на опозициската Нова демократија, Столтенберг со став дека со тоа би се довел во опасност кредибилитетот на Грција.
- Јас сум уверен дека договорот ќе се имплементира во двете земји, бидејќи е суштински за националниот кредибилитет кога една земја потпишува договор, а другата страна го исполнува, тогаш двете земји ќе го исполнат договорот. Сѐ друго сериозно би го поткопало националниот кредибилитет на било која од земјите, вели Столтенберг и изразува оптимизам дека ќе се запазат предвидените временски рокови и договорот ќе стапи на сила на почетокот на следната година.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, одговарајќи на прашањето, што доколку некоја следна влада во Македонија ги поништи уставните измени и реформите, генералниот секретар на НАТО вели дека промената на Уставот е сложен процес, а при потпишување меѓународни договори секогаш треба да постои и малку доверба.
- Не е ништо ново во меѓународните односи, државите да потпишуваат договори базирани на минимална доверба, а ова важи и во конкретниот случај за двете страни. Ако нема доверба, нема начин да постои било каков договор, но и не може да се направи никаков вид на соработка и било каков напредок во односите меѓу земјите, истакнува генералниот секретар на НАТО.
Во кусото интервју за грчката телевизија „Скај“, Јенс Столтенберг објаснува дека соработката со НАТО во изминатите години се градела чекор по чекор и била корисна како за Грција, така и за Западен Балкан, а „сега сме многу блиску да направиме друг чекор и тоа ќе биде исклучително важно за целиот регион“.
Ново на Сител
-
За 20% поскапува такси превозот во Скопје?
-
Со „ауди“ превезувал 8 мигранти, уапсен 27 годишен скопјанец за криумчарење мигранти
-
ДЗР: Континуираните загуби во работењето на АД Пошта влијаат на квалитетот на услугата
-
Холандската полиција уапси 281 лице на забранетиот пропалестински протест
-
Французин добил 80,5 милиони евра обложувајќи се на победа на Трамп
-
Уште еден скандал го тресе англискиот фудбал - Судија од Премиер лигата фатен како шмрка кокаин | ВИДЕО
-
Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година
-
Македонските фудбалери вечерва ја пречекуваат Летонија