Столтенберг: Влошувањето на односите меѓу НАТО и Русија може да биде долгорочно
Западот би требало да стане свесен дека влошувањето на односите меѓу НАТО И Русија би можело да биде долгорочно, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
- Би требало да бидеме подготвени за ситуација на долгорочно влошување на односите меѓу Русија и НАТО. Алијансата ги презема сите неопходни мерки во таа смисла, со значително зајакнување на нашата колективна безбедност, рече Столтенберг.
Тој додаде дека е неопходно да се заземе став со кој Русија порано или подоцна ќе сфати дека повеќе ќе добие од соработката, отколку од конфронтацијата со НАТО.
Според него односите меѓу Западот и Русија во блиска иднина нема да наликуваат на оние од времето на Студената војна, но нема да бидат ниту партнерски.
- Ќе биде нешто помеѓу. Нема тоа да биде стратешки сојуз со Русија, кој го посакувавме, но нема да биде ниту враќање на железната завеса, рече Столтенберг.
Тој исто така не се согласува со проценките на некои европски лидери дека поголемиот број на воени вежби на Русија и НАТО водат само до поголема тензија во односите.
- НАТО го зајакнува своето присуство на исток и има повеќе воени вежби само затоа што Русија ги користи воените сили во Украина. Оваа стратегија на одвраќање е неопходна безбедноста гаранција за Норвешка и другите членки на НАТО, рече Столтенберг.
Ново на Сител
-
Малолетник со автомобил удрил во мотоциклист во Велес
-
Валтонен: Веднаш ќе почнат активностите за 15. пакет санкции против Русија
-
Двајца прилепчани приведени за кражба од викендица и фалсификувани банкноти
-
ЈО: Со спогодбите во „Синџир“ вратени безмалку 1.000.000 евра во државниот буџет
-
Изменет сообраќаен режим на булевар „Србија“ поради снимање филм
-
Во италијанскиот град Месина уапсени се 112 лица поради трговија со дрога
-
Подигнати 60 тони отпад од диви депонии во Скопје за време на викендот
-
Се санираат последиците од невремето во Тетово и Скопје, бројни пријави за претпрена материјална штета