-->
-->
Столтенберг во Собранието се сретна со Џафери и со Мицкоски
-->
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов во вилата „Водно“, во македонското Собрание се сретна и со претседателот на Парламентот Талат Џафери и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски.Првиот човек на Алијансата, во рамки на денешната посета на Македонија, треба да се сретне и со македонскиот премиер Зоран Заев, како и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и други високи официјални претставници.
По средбата на премиерот Заев и Столтенберг најавена е прес-конференција.
Покрај останатите активности и средби, генералниот секретар ќе го посети и Стајковци каде што во 2016 година војници и опрема на НАТО беа ангажирани за надминување на последиците од поплавата. Столтенберг ќе ја посети и касарната Илинден каде што ќе присуствува на показна вежба на припадниците на специјалните сили.
Во касарната Илинден предвидени се изјави за медиумите од Столтенебрег и Шекеринска.
Во пресрет на референдумот, во Скопје денеска е и министерот за надворешни работи на Лукембург Жан Аселборн, а до крајот на недела доаѓаат и канцеларите на Германија и на Австрија, Ангела Меркел и Себастијан Курц.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нова стратегија за развој на туризмот на југоистокот од земјава
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
