„Стоп за Усје“ повторно на блокада во среда

Граѓанската иницијатива Стоп за Усје повторно излегува на улица поради тоа што, по првата граѓанска блокада одржана на 26 декември 2025 година, нивните барања биле доставени до сите надлежни институции, но, како што велат досега не добиле никаков одговор, ниту пак биле повикани на разговор.
Тие алармираат дека воздухот што го дишат граѓаните станува сè поопасен по здравјето и животот.
„Или ќе излеземе сите – или ќе нè снема еден по еден! Излези, затоа што воздухот нема да се исчисти сам“, порачуваат од иницијативата, упатувајќи јавен повик за нова мирна граѓанска блокада против загадувањето од индустрискиот капацитет „Усје“.
Од „Стоп за Усје“ нагласуваат дека компанијата сè уште одбива да постави мерни станици кои граѓаните би можеле самостојно да ги следат 24/7, поради што не веруваат на официјалните тврдења дека фабриката не загадува. Според нив, блокадата произлегува од итното барање „Здравјето пред профитот“, особено поради ризиците за здравјето на децата и локалното население.
Блокадата ќе се одржи на 21 јануари 2026 (среда) во 18:00 часот на раскрсница на бул. „Борис Трајковски“ и бул. „Србија“ (правец кон Усје).
Ново на Сител
-

Приведен 76-годишен маж од Гостивар, возел мопед без дозвола
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради трка
-

Почна полагањето на државната матура, годинава полагаат 14.500 ученици
-

Израелската армија уби бебе во Западен Брег
-

САД со дополнителни 38 милиони долари за борбата против епидемијата со ебола
-

Песков за односите Русија – САД: За танго потребни се двајца
-

Силјановска Давкова: Шест децении сцената на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност
-

Руската противвоздушна одбрана пресретна 86 дронови над Санкт Петербург
