Стопанската комора го актуелизира проблемот со цената на струјата и опстанокот на фирмите
– Стопанската комора на Северна Македонија денеска на прес-конференција ќе се осврне на проблемот со цената на струјата од која зависи опстанокот на фирмите и работните места.
На прес-конференцијата, како што е најавено, ќе се обрати потпретседателот на Комората Зоран Јовановски.
На средбата, што во јули се одржа меѓу Македонската енергетска асоцијација и претставници на Владата, беше побарано да се зголеми домашното производство на електрична енергија со вклучување на ТЕЦ Неготино и гасната електрана ТЕ-ТО, електричната енергија произведена од повластените производители на енергија односно т.н. зелена енергија повторно да биде наменета само за потребите на индустриските капацитети кои набавуваат струја на слободниот пазар, како и да се олесни постапката за поставување на фотоволтаици за индустриските капацитети.
И претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во неговата најнова колумна оценува дека спојувањето на енергетската, финансиската и здравствената криза неминовно бара единствена државна агенда.
– Неделата „Д“ е пред нас, ние сме спремни за разговори со потребното ниво на мобилизација и аргументи, но и оценки за моменталната реалност кои што се над најпесимистичките прогнози (512 евра за мегават час, цена на HUPEX берзата на 20.8.2022 година), вели Азески меѓу другото во колумната.
Ново на Сител
-
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ излегува на слобода
-
Касами: Добро оди целата процедура за договорање на следната влада
-
Внимавајте: Се шири линк до лажна веб страна на Владата која краде податоци за кредитни картички
-
Националниот ден на Власите - 23 Мај, неработен за припадници на влашката заедница
-
Поевтинуваат горивата ова се новите цени
-
Тешко повреден велосипедист во сообраќајка на Средно Водно
-
До петок нестабилно време со повремен пороен дожд, град и грмежи
-
СДСМ во среда ги почнува подготовките за избор на ново раководство - закажан состанокот на Извршниот одбор