-->
-->
Стотици илјади домови во Канада сè уште се без струја поради ледената бура
-->

Неколку стотици илјади домови во Квебек и денеска се без струја, два дена откако ледена бура ја погоди источна Канада, при што загинаа две лица и предизвика голема штета, особено во Монтреал.
Околу 630.000 домови денеска сè уште се во мрак, во споредба со 1,1 милион деновиве.
Локалната електродистрибутивна компанија најави дека повеќето од нив до крајот на денот повторно треба да имаат струја.
Во Монтреал се отворени шест привремени центри за итно сместување за да се сместат граѓаните чии домови се без струја.
Ледената бура ги погоди Квебек и Онтарио, двете најнаселени провинции во Канада. Тоа е најголемиот прекин на електричната енергија во Квебек по ледената бура во 1998 година, која ја втурна провинцијата во хаос неколку недели.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
-

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените
-

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб
-

Софија со викенд зелена карта се справува со загадениот воздух
-

Отворен 25. Меморијален турнир во чест на загинатите бранители и припадници на полицијата во 2001 и 2015 година
-

Маглата го отежнува сообраќајот
-

ЈО: Обвинение за сообраќајка со смртни последици во Марино
-

Синдикалната минимална кошница во декември 65 492 денари
