Стотици луѓе демонстрираат во турскиот град Дикили против враќањето на мигранти од Грција
Стотици луѓе демонстрираат во крајбрежниот турски град Дикили против договорот меѓу Турција и ЕУ, со кој се предвидува враќање на мигранти во Турција од Грција.
Договорот предвидува оние кои нелегално ќе стасаат до бреговите на Грција, да бидат вратени назад во Турција, освен ако не добијат азил во Грција. Во замена за тоа, ЕУ и понуди на Турција финансиска помош и политички отстапки, вклучувајќи забрзување на преговорите за членство во ЕУ.
Турција треба да ја добие првата група вратени мигранти во понеделник. Според грчката новинска агенција АНА станува збор за група од 750 мигранти.
Се планира изградба на приемен центар во турскиот град Дикили, што предизвикува незадоволството кај локалното население. Градоначалникот на градот Мустафа Тосун изјави дека граѓаните категорично се против бегалски камп во Дикили.
Демонстрантите изразија загриженост во врска со ефектите кои може да ги има договорот со ЕУ врз економијата, туризмот и безбедноста во нивниот град.
Ново на Сител
-
Вучиќ ги претстави барањата на Србија во врска со Косово
-
СЗО ја одобри првата вакцина против мајмунски сипаници
-
Дурмиши: В понеделник одговор од работната група за есенската кошничка
-
КИНСИВ ќе отвори истрага за настанот на небото над Скопје
-
20 ГОДИНИ НЕОТЕЛ: Прослава на две децении пионерство во телекомуникациите
-
Се урна воен авион Л-39 во Бугарија
-
Кривични за две лица кои праќале писма на вработен во ОВР Дебар
-
Почина жена која управувајќи тротинет била удрена од автомобил