Стотици шкотски семејства се уште гледаат „црно-бели“ телевизори

Повеќе од 550 семејства во Шкотска се уште гледааат телевизија на „црно-бели“ телевизори, соопшти шкотската агенција за телевизиска претплата.
Глазгов има најголем број семејства кои немаат телевизори во боја или вкупно 200, а потоа следи Единбург со 55 регистрирани семејства.
Ваквото откритие доаѓа по соопштението на агенцијата дека секое семејство во Шкотска мора да плаќа телевизиска претплата без разлика каков телевизор има во домот.
Цената на претплатата меѓутоа драстично се разликува. Додека за „црно-бел“ телевизор претплатата изнесува 49, за телевизор во боја мора да се плати 145,5 фунти годишно, поделени во 12 месечни рати.
Проценките кои ги направија Шкотланѓаните откриваат дека во цела Велика Британија се уште се користат старите црно-бели телевизори во околу десет илјади домаќинства..
Редовна телевизиска програма во боја во Велика Британија има уште од јули 1967 година, кога е почна со работа втората програма на Би-Би-Си.
Велика Британија е првата земја во Европа која почна редовно да емитува програма во боја, само неколку недели пред Германија.
Засега не се зане што е причината што во Велика Британија се уште се користат „црно-белите“ телевизиски приемници.
Едното објаснување е дека во прашање е големата разлика во цената на претплатата, како и тоа што досега не се плаќаше претплата за телевизорите што не се во боја, додека другото е во приврзаноста на некои луѓе кон старата техника и технологија.
Претставник на шкотскиот Музеј за современа комуникација изјави дека забрзано расте бројот на колекционери на стари „црно-бели“ телевизиски приемници од 70-те години на 20-от век.
Ново на Сител
-

Алкараз го победи Де Минаур и се пласираше во полуфиналето на Австралија oпен
-

АХВ: Итно се повлекува формулата за доенчиња Аптамил АР 2, потрошувачите кои ја купиле да не ја користат или да ја вратат
-

МЕД: Попишани над 35 300 единки од 44 различни видови водни птици на трите природни езера во Македонија
-

Во Зубин Поток запленети 140 килограми експлозив
-

ЦУК: Во Струмичкиот регион состојбата е стабилизирана, опаѓа водостојот на реките Струмица и Тркања, со механизација се интервенира на критичните локации
-

Приведен 77-годишник кој допирал жена во Скопје
-

Ја уценувал поранешната партнерка со компромитирачки видео запис од неа - приведен скопјанец
-

Турчин измамил свој сонародник за 6.650 евра, му ветил документи за престој и работа во Македонија
