Стотици тела на џихадисти од ИД откриени во масовни гробници во Ирак

Стотици тела на борци од џихадистичката група „Исламска држава“ се откриени во масовни гробници во ирачкиот град Баиџи, соопштија безбедносните сили. Како што јавува БТА, во моментов не е јасно кога биле погребани телата и како биле идентификувани.
Вкупно 365 тела се пронајдени во 19 масовни гробници на борци од шиитските милиции поврзани со Иран, кои учествувале во офанзивата на ИД за освојување на Баиџи.
Стретешкиот ирачки град, на околу 200 километри северно од престолнината Багдад, во текот на 16 месеци беше најголемата арена во земјата на интензивни судири, по кои контролата врз градот неколку пати преминуваше од рацете на едните во рацете на другите.
Ирачките безбедносни сили пред десетина дена презедоа голама офанзива, која засега ветува успех. Тие зазедоа голем дел од блиската рафинерија, иако во објектот останаа мали гнезда на припадници на отпорот.
Ново на Сител
-

Пратениците со средна оценка за аргументирана дебата во Собранието
-

Верските лидери го осудија обидот за палење на синагогата во Скопје
-

Пошта добива 100 нови возила за подобра достава низ земјата
-

Осум ревии и нови модни имиња на „Shtip fashion days“
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Поевтинуваат горивата
