„Странци“ – нова претстава на Драмски театар
Фасцинантна, моќна приказна со сосема поинаква естетска димензија, остварување кое ќе биде вид бренд и кое, покрај актуелната, ќе донесе нова, поразлична публика. Вака Драмски театар денеска на прес-конференција ја најави најновата претстава „Странци“, во режија на Нела Витошевиќ чија премиера е закажана за утревечер во 20 часот.
Текстот е по сценариото на италијанскиот филм „Перфектни странци“, а играат Игор Ангелов, Ирена Ристиќ, Билјана Драгиќевиќ Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ и Предраг Павловски. Драматург е Викторија Рангелова Петровска, сценограф Константин Трпеноски, костимограф Роза Трајческа Ристовска, а композитор Огнен Анастасовски.
Станува збор за „драмомедија“ (драма+комедија), во која седум пријатели играат игра, споделувајќи ги пораките, разговорите и фотографиите од своите мобилни телефони, како и комуникациите преку социјалните мрежи со што си ги откриваат личните тајни и отвораат болни конфликтни ситуации.
- Претставата ќе биде дополнителниот шраф во новото возило што го подготвуваме за големиот исчекор на Драмски театар, рече в.д. директорот Сашо Тасевски.
Режисерката Витошевиќ истакна дека „Странци“ се подготвуваше два месеца и дека базира на современ режисерски пристап.
– Оваа стара зграда не може да се пофали со техника, но има силна, сериозно солидна актерска екипа. Темата е актуелна и со неа може да се поврзе секој. Зборува за тоа колку технологијата ги окупира нашите животи и не отуѓува од нашите партнери и семејства, колку лагата станува поважна од вистината. Претставата ја отвора Пандорината кутија во која се сите наши демони, нагласи Витошевиќ.
Актерите очекуваат одличен одѕив зашто сметаат дека подготвиле одлична претстава.
- Оваа претстава му е токму сега потребна на Драмски. Сите верувавме во неа, но имавме и огромна поддршка од драматургот Рангелова, како и од асистентот на режијата Александар Ивановски, рече Предраг Павловски.
Според Љутков, најуспешните претстави во Драмски се токму оние со современ пристап, кои кореспондираат со новото време.
– Затоа мислам дека „Странци“ ќе биде новиот знак на нашиот театар, правецот во кој треба да се движи и во кој јас сакам да го гледам, дополни Љутков.
Претставата „Странци“ трае 1 час и 40 минути, а предпремиерно ќе биде прикажана вечер во 20 часот.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп