Странски инвеститори заинтересирани за грчки недвижности
Ниските цени на грчките недвижности привлекуваат голем број заинтересирани купувачи, меѓу кои најмногу Кинези, но и Руси, пишува Блумберг.
Како што е наведено, ниските цени во Грција во однос на останатиот дел од Европа, можноста за добра заработка преку нивно изнајмување на туристи, но и добивање престој кој овозможува слободно движење внатре во Европската унија, резултираше со голем број руски и кинески купувачи на недвижности во Грција.
Интересот на кинеските купувачи во третото тримесечие е зголемен за 159 отсто на годишно ниво.
Според аналитичарите, главна причина за инвестирање е програмата за добивање дозвола за престој.
Грција од 2013 година додели 2.053 такви дозволи, а 43 отсто од нив ги добиле кинески инвеститори. Руските купувачи се на второ место со 19 отсто.
Просечната цена на „метар квадратен“ во Грција е 2.846 евра
Ново на Сител
-
Обвинетите имале неуспешен прв обид три дена пред грабнувањето на Вања
-
Во сабота сончево, но студено, во недела пораст на температурите, а од понеделник повремено дожд и снег
-
Мерц е шокиран од Трамп и Путин
-
ДКСК: Патувањето на сопругата на Гаши на НАТО самитот во Вашингтон е законско
-
Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем
-
Пет закони ќе се менуваат за квалитетно да профункционира „Безбеден град“
-
Просечната нето-плата во декември 43 587 денари
-
Тошковски: Јасен е ставот на Владата за разрешувањето на Коцевски