Македонија
28. February 2025 - 16:37

Странските инвестиции лани надминаа милијарда евра

Историски највисоко ниво на странски инвестиции лани, објави Народната банка. Се вложиле вкупно милијарда и 255 милиони евра, што е двојно повеќе од претходната 2023та, задоволна е власта.Од нив, 686 милиони евра се нето приливи кај меѓукомпаниски долг, 314 милиони евра се инвестиции во сопственички капитал и нешто над 255 милиони евра реинвестирана добивка

Бројките, за министерката за финансии се показател за успешните политики кои ги води власта

Дури и во споредба со досега рекордното ниво на СДИ остварено во 2022 година, тие во 2024 година се повисоки за речиси 70%. При тоа е значајно дека растот на СДИ е изразен не само во апсолутни износи, туку и како учество во БДП. Така во однос на проектираниот БДП за 2024 година, реализираните СДИ изнесуваат 8,1%, што е највисок износ уште од 2007 година. Поконкретно за споредба, во целиот 15-годишен период 2008-2023 година, СДИ ниту еднаш не надминаа 6% од БДП., изјави министерката за финансии Кочоска.

Само во последниот квартал во 2024 та, нето приливите достигнуваат речиси 400 милиони евра. Со вакви бројки премиерот Мицкоски очекува да станеме земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител. За годинава, имаме не помалку од 15 инвестиции, но бројот се зголемува.

- Ќе бидете сведоци на објавување камен-темелници и на почнување производства на некои од директните странски инвестиции. Но, да не ги потцениме и домашните инвестиции кои исто така ќе почнат, користејќи го унгарскиот кредит, , изјави премиерот Христијан Мицкоски. 

Од СДСМ возвртаија – 90% од од инвестициите лани се целосно реализирани или договорени од социјал демократскиот сојуз.  Срамота е да се фали Мицкоски со нешто што не е негова заслуга, но тое е одлика на оние кои освен манупулации немаат што да понудат. , се наведува во соопштението на опозицијата. 

Инаку, премиерот најави нова инвестиција, вредна 25 милиони евра и 200 нови вработувања, веќе од март, а до мај очекува  камен темелник на најмалку 5 странски вложувања во земјава.