Бизнис
29. December 2021 - 16:33

Странските компании бараат финансиска поддршка од владата

За да го задржат бројот на вработени и да ги ублажат последиците од глобалната криза, странските компании бараат дополнителна финансиска поддршка од државата. На вакви мерки се надеваат над 90 отсто од компаниите кои работаа тука, покажува анкетата на асоцијацијата на странски компании.  

Првиот човек на ТИРЗ Деспотовски, потврди дека компаниите поради глобалните случувања имаат проблеми во работата, но дека состојбата се следи. Очекува и годинава да се задржи рекорден извоз од зоните.

Анкетата на инвеститорите  покажува дека 54 проценти од компаниите бележат пад на производството во првите 10 месеци од годинава, што резултирало со намалување на бројот на вработени за 1,7 проценти. Според податоците инвеститорите следната година не очекуваат некој драстични поместувања во состојбите.