Свет
6. August 2018 - 16:15

Страотна експлозија во Италија: Хорор кај аеродромот во Болоља, црн чад се крена кон градот

Силна експлозија одекна денеска на автопат во Болоња, Италија.

Експлозијата одекнала по сообраќајна несреќа на автопатот, во близина на аеродромот.

Локалните медиуми јавија дека експлодирал камион кој превезувал повеќе автомобили, а пламенот се проширил на уште неколку возила.

Според информациите на РАИ најмалку две лица загинале.