Страотна несреќа на автопат, возачот не преживеа
Фотографиите од местото на ужасната несреќа што денеска се случи на автопатот Белград - Ниш кај велика Плана, покажуваат детали од сударот во кој еден возач загина, а другиот е во тешка состојба во болница.
До несреќата дошло кога возачот на автомобилот „волво“ со јагодински регистрации се движел во контра правец на автопатот при што директно се судрил со камионот.
Грдосијата по тоа ја пробила банкината од надвозникот на автопатот и слетала од коловозот на споредниот пат.
Камионот се наоѓал во катастрофална состојба, па морале да интервенираат 20 припадници на Жандармеријата кој во моментот на сударот биле на патот.
Веднаш со противпожарни апарати го изгаснале пожарот во автомобилот. Потоа од смачканата кабина го извадиле тешко повредениот возач на шлеперот и го предале на итната помош.
За жал, на возачот на автомобилот му немало спас.
(Telegraf.rs)
Ново на Сител
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот
-
Пожарите пустошија големи површини шума - никој не е казнет
-
Дигитална трансформација на водните услуги во ЈКП-ЈА
-
Преглед на вестите од светот