-->
-->
Страотна сообраќајка, момче загина во судар на возило и камион
-->

33-годишниот Ѓ.А. од Прибој загина во судар на патничко возило и камион на Ибарската магистрала во местото Мајдан, близу до Горњи Милановац.
Ѓ.А. бил зад воланот на „фолксваген поло“ кое се движело во насока од Чачак кон Рудник. Првите резултати од истрагата укажуваат на тоа дека од засега неутврдена причина преминал во левата коловозна лента, по што следувал директен челен судар со камион кој се движел во спротивната насока.
Сообраќајката се случила во правец на селото Мајдан во близина на Рудник.
Момчето загинало на самото место, а возачот на камионот е префрлен во болница во Горњи Милановац.
Полицијата направи увид на местото на несреќата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
