Македонија
30. March 2018 - 16:36

Страотна сообраќајка на патот Велес-Штип, сообраќајот во прекин

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Штип-Велес, што се случила околу 14 часот. Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова вели дека несреќата се случила помеѓу автобус со велешки регистарски таблички и автомобил марка .

Поради сообраќајна незгода на магистрален пат Штип-Велес, кај раскрсницата за село Црнилиште, сообраќајот на патниот правец Велес-Штип од 14:15 часот е во целосен прекин, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Сообраќајот од Штип се пренасочува преку Куманово.