Страотни детали од масакрот: Мартина ги убила своите деца па живеела со лешевите 10 дена
Мартина Р. (35) која ги уби својата мајка, братот и трите деца, наводно имала прсихички проблеми, а целото семејство имало проблеми со финасиите.
Според последните информации покрај мртвите тела таа живеела 10 дена, по што си пресудила и на себеси.
Обдукцијата покажа дека семејството е убиено на 20 или 21 ноември. Полицијата ги пронајде дури на 1 декември. Мартина на крајот се убила но десетина дена по убиството на мајката, братот и своите деца.
Мартина (35) ја убила својата мајка Матилда (59) која боледувала од рак, братот Петер (41) и своите три деца Мишел (7), Фабијан (9) и Себастијан (10) во куќата во австриското место Шилдберг.
Полицијата стигнала во куќата откако реагирал работодавецот на Петер бидејќи со денови не доаѓал на работа.
Мартина, изгледа ги планирала убиствата па затоа на 21 ноември се јавила во училиштето и се извинила поради изостаноците на децата, со изговор дека отсуствуваат поради смртта на бабата Матилда.
За мотивите на убиството се уште се нагаѓа.
Мартина наводно имала психички проблеми. Во јавноста секогаш носела црни очила за сонце и со никој не разговорала, а и на децата им забранувала да разговараат со други луѓе. Инаку семејството имало и финасиски проблеми. Ј акупиле куќата и се задолжиле.
Мартина не оставила проштално писмо. Била самохрана мајка, а таткото на децата од кого се развела по раѓањето на третото дете, живеел во Виена.
Членовите на семејството ги убила со пиштол додека спиеле.
Еден од можните мотиви е фактот дека Мартина со таткото на децата наводно се борела околу старателството со години и пред кратко време тој побарал целосно старателство над трите деца.
Ново на Сител
-
И Министерството за економија и труд мета на хакерски напад
-
Божиновска: Ќе најдеме излез од енергетската катастрофа
-
Божиновска: Владата прави напори да имаме мирна зима на енергетски план
-
Таравари со отчет за првите 100 дена: Лекари од приватното сакаат да се вратат во државното здравство
-
СДСМ: За 100 дена влада нула мерки и закочени субвенции
-
Еден затвореник ја чини државата 10 илјада евра годишно, како да се реши пренатрупаноста во затворите?
-
Зголемена потребата од негуватели
-
Преглед на вестите од светот