Македонија
7. July 2017 - 12:15

Страшна несреќа во Македонија, почина малолетник

Во текот на вчерашниот ден во 19 часот и 50 минути на земјениот пат во селото Војшанци - Неготино, се случила сообраќајна незгода во која 16 годишен малолетник од селото за жал починал. Полицијата денеска информира дека детето управувајќи мопед „Херк“ паднало на патот, при што се здобило со тешки телесни повреди.

Му била укажана лекарска помош во Итна медицинска помош – Неготино, по што бил препратен во Општа Болница-Кавадарци каде за жал им подлегнал на сериозните повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полицијата.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Се работи на целосно расчистување на случајот.