-->
-->
Страшна сообраќајка во Скопје - едно лице загина
-->

Вчера во 13.00 часот било пријавено дека во с.Арачиново, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(43) од Арачиново и мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од Х.Б.(22) од с.Арачиново.
Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде починал.
Сопатникот на мотоциклот, А.С.(26) од с.Арачиново, исто така, се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Системската корупција и нејзиното влијание врз евроинтеграцииете низ очите на млад истажувач
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција „Сите за правично судење“
-

Политичка пресметка за РКЕ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во судир за Ацо Ристов
-

Собрание избра: Ненад Савески е нов државен обвинител
-

Поднесени 27 амандмани за законот за јавно обвинителство
-

Полицајците во контрола на Пулс, се воделе од препишан план
-

Една година затвор за насилникот што ја претепа бремената партнерка до онесвестување и ја будеше со вода за да продолжи
-

Превозот останува со иста цена, поскапеа маслото за јадење и јајцата
