Страшно невреме во Гостивар, двајца повредени

Две лица се повредени, а оштетени се повеќе објекти и возила во невремето што синоќа го зафати Гостивар.
Од силината на ветрот, дрво паднало врз монтажен објект, на улицата „Мајор Чеде Филипоски", кој се користел за продажба на зеленчук и овојше, каде биле повредени двете лица. Од Општата болница - Гостивар информираат дека Е.О. (19) и Б.А. (27) биле згрижени во Ургентното оддление со повреди здобиени од падот на дрвото.
Паднат излог од првиот кат на објектот „Мон Блан“ оштетил неколку возила на паркингот. На улицата „Беличица“, керамиди кои паѓале од покривите оштетиле седум возила. Во селото Мало Турчане, СВР Тетово регистрирало оштетување на покрив од куќа и падната бандера за струја, а на магистралниот пат Гостивар - Кичево, кај Здуњската раскрсница паднат е семафор.
Во Мавровскиот регион од ветрот има повеќе оштетувања, поради кои има проблеми со снабдувањето со електрична енергија. Одрон од камења и земја го блокира патот кон селото Сенце.
Ново на Сител
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
-

Приведен 67-годишник од Штип, пробал со сила да бакне 16-годишна девојка
-

Медведев: Веќе нема да важат никакви правила во војната против нацистичкиот режим во Киев
-

Мицкоски: До крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на Влада
-

Мицкоски најави намалување на цената на горивата од понеделник
-

Утре сончево и топло, од понеделник променливо и нестабилно со дожд, грмежи и ветер
