Страшно: Жена монструм си купила ирачко девојче (5) и го држела како роб и свирепо го мачела до смрт
Германката Џенифер В. (27) и нејзиниот сопруг во 2015 година купиле петгодишно девојче кое го држеле како робинка во ирачкиот град Мосул и свирепо ја мачеле до смрт.
Петгодишното девојче било во групата заробеници кои во северен Ирак ги заробиле припадниците на терористичката Исламска држава (ИД).
Џенифер се приклучила кон Ид во 2014 година во Ирак. Патролирала низ парковите на Мосул и Фалуџа, вооружена со калашников, пиштол и обвиткана со експлозив, со задачи да надледува дали жените се облекуваат и однесуваат во склад со одредбите кои ги наметнале џихадистите.
Кога девојчето се разболело и се измочкало во кревет, сопругот на германската терористка го извел детето пред куќа и за казна со ланец го врзал и го оставил да се пече на сонцето се додека девојчето во тешки маки не починало од жед. Џенифер не направила ништо да го спаси животот на детето.
Неколку месеци после тој настан, терористката се појавила во германската амбасада во Анкара за да ги обнови своите документи, но тогаш турската полиција ја уапсила. Испорачана е во Германија, каде поради недостаток на докази е пуштена да се врати во својата куќа во Долна Саксонија.
Меѓутоа, кога повторно се обидела да отпатува во Сирија, полицијата во октомври ја уапсила и од тогаш е во притвор. Обвинета е за убиство и воени злосторства. Во случај да биде осудена, и се заканува доживотен затвор.
По тригодишна окупација, Мосул минатата година е ослободен од ИД, кој изгуби контрола над речиси сите територии кои ги контролираше во Ирак и Сирија.
Ново на Сител
-
30-годишна струмичанка нападната од женско лице по недоразбирање во сообраќајот
-
Претреси во Скопје, пронајдена дрога, одреден притвор за три лица
-
Полска и САД потпишаа договор за поддршка на системот „Патриот“ во вредност од речиси две милијарди долари
-
Откриени дилери на марихуана и амфетамин, поведена истрага
-
Полицијата трага по двајца штитеници од Јавната установа за згрижување деца
-
Во прилепско село пронајдена граната од Прва светска војна
-
Кривична за стружанец, градел на заштитено подрачје, узурпирајќи дел од Охридско Езеро
-
Продолжен притворот за 10 осомничени за падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад