Живот
11. July 2017 - 9:30

Страв од Русија: „Маша и Медо“ ја загрозува безбедноста на Украина

Украинската невладина организација Совет за општествена безбедност поднесе барање за забрана на рускиот цртан филм „Маша и Медо“ до украинскиот Парламент, како и до Агенцијата за радиодифузија.

Барањето е врз основа на тоа што цртаниот ја „загрозува безбедноста на Украина“.

„Тој цртан филм е пропаганден медиумски производ на Русија, и е прилично опасен за украинската безбедност. Тоа е пропаганден инструмент кој на децата им наметнува позитивна слика за Русија“, стои во соопштението на невладината организација од Одеса.

„Руските пропагандисти на децата им даваат јасен сигнал - мечокот, традиционалниот симбол на Русија, е претставен како голем силен јунак кој без последици зема туѓ имот, куќи и земја“, се додава натаму во документот.

Во 2015 година во Украина стапи во сила Законот за заштита на информативниот простор, којшто забрани над 600 филмови кои „содржат руска пропаганда“.