Loading Video...
Македонија
16. August 2021 - 16:56

Стравично во Авганистан - 25 Македонци патуваат кон дома, 50мина чекаат лет

Во овој пекол  во Авганистан се наогаат и 75 македонски државјани кои се таму на привремена работа. Единствен начин за излез е аеродромот во Кабул каде владее вистински хаос. Цивилниот дел на аердромот е затворен, стотици Авганистанци  се обидуваа да влезат и преку  воениот влез. Неколкумина го загубија животот качувајки на тркалата и крилата на авионите. Министерот Османи информираше дека нашите грагани кои во Авганистан работат се безбедни и се прават напори за нивно извлекување. Извлекување на првата група ке биде во координација сио американската војска, а министерството е во контакт и со компаниите во кои се ангажирани работниците и кои треба да обезбедат нивно безбедно извлекување

Во Авганистан се наоѓаат и српски државјани кои исто така се на безбедно, но се уште очекуваат евакуација. 

Сепак ситуацијата во Авганистан се менува од минута во минута. Последните информации велат дека евакуацијата на странците во моментов е стопирана токму поради хаосот на аердромот. Авионите ги обезбедува американската војска, која на моменти пука во воздух за да ја растера толпата.  Во евакуацијата се инволвирани Британците, Гранцузите , Германците и Холанганите кои ги спасуваат своите државјани од Авганистан