Струјата со нова пониска цена
Регулаторната комисија за енергетика кон крајот на месецов ќе треба да ги соопшти пресметки за новата цена на електричната енергија. Неофицијално и годинава ќе има надолна корекција на цената или сметките од јули ќе бидат пониски, објави телевиизјата.
Но за колкав процент ќе биде намалувањето никој не знае. До регулаторната комисија веќе се поднесени трошоците на компаниите но што има во нив не се соопштува. Неофицијално дознаваме дека две од трите компании врз чии извештаи се формира новата цена на електричната енергија бараат намалување и тоа кај едната да изнесува над 30 проценти.
Упатените во бизнисот велат дека намалувањето на цената е за очекување поради фактот дека на берзите мегаватот во последната година е паднат за над 10 проценти. Предвидувањата се дека и во наредната година за долгорочните договори цената ќе биде само нешто повисока од 30 евра за мегават. Во последните 6 месеци пак на нај референтните берзи за нас унгарската и бугарската, мегаватот се продава во просек за 25 евра за мегават. На бугарската ИБЕКС во моментов пиковата цена изнесува 22 евра, слично колку што чини и на унгарски ХУПЕКС.
Дополнително велат драстично се намалени и трошоците на енергетските компании бидејќи зимата беше блага и без поголеми дефекти по мрежата за разлика од минатата година, па за очекување е да поднеле и извештаи со пониски давачки.
За намалување придонесува и се поголемиот број на компании кои струја набавуваат токму од слободниот пазар. Снабдувачите велат дека сметките кај одредени потрошувачи се намалиле за дури 30 проценти.
Лани намалувањето кое ќе важи до 1 јули годинава изнесуваше 0,33 проценти при што од вкупната сметка 50,6 отсто завршуваат во касата на Елем, 44 кај ЕВН и 5,24 проценти кај Мепсо.
Ново на Сител
-
Производителите на пченица бараат повисоки откупни цени – откупувачите не даваат
-
Тема на денот со Горан Благоев, верски аналитичар и историчар од Софија
-
Коце Трајановски нов директор на Државни патишта, СДСМ критикува
-
Чибишев и поднел пријава на Бесија Иљази зошто незаконски им исплатила 650.000 денари на договорците
-
Судскиот совет има напредок, но и уште многу работа - Реакции на меѓународната заедница
-
Радев: Мицкоски нема познавање од меѓународно и уставно право
-
Приватните превозници нема да возат, бараат исплата на долг од над 2 милиони евра
-
Ни волшебно стапче нема да помогне за учениците во седмо одделение да имаат нови учебници