Струмичкиот суд досега изрече 85 парични казни за непочитување на полицисикиот час
Основниот суд во Струмица досега изрече 85 парични казни во износ од петстотини до три илјади евра за кривичното дело за „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, информира Мариета Дукиќ, портпаролка на Основниот суд во Струмица.
Од Основното јавно обвинителство во Струмица до Судот се поднесени вкупно 124 предлози за издавање казнен налог и еден обвинителен предлог, рече Дукиќ.
Toj додаде дека одреден број граѓани имаат поднесено приговори на издадените казнени налози и според Уредбата роковите за приговор не течат и ќе се разгледуваат во редовна постапка по завршувањето на вонредната состојба. Граѓаните кои не поднеле приговор треба во законски определениот рок да ја платат изречената казна.
Според информации од ОЈО во Струмица расте бројот на пријави против граѓаните од Струмичко кои не ја почитувале забраната за движење и во фаза на подготовка се нови 27 пријави.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори